Анри брутално си искрена изјава ги налути Топџиите


Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Легендарниот напаѓач на Арсенал Тиери Анри со последната изјава ги налути навивачите на клубот од Емирати и тоа баш пред големо дерби.

Зборувајќи за моменталната ситуација во англискиот фудбал и претстојното дерби на северен Лондон, Франзуцинот брутално искрено порача дека моментално само еден фудбалер на Арсенал има место во првата екипа на ривалот на Тотенхем, а тој некој е Алексис Санчез.

„Како некој што навива и го сака Арсенал тешко ми е тоа да го признам, но морам да бидам искрен. Од сите играчи кои моментално играат за Арсенал, само Алексис Санчез има место во првиот тим на Тотенхем. Што се однесува до останатите играчи, не треба да се дискутира“, започна Анри за Скај Спортс, и потврди:

„Тотенхем во овој момент е подобра екипа, но тоа не значи дека ќе победи на Вајт Харт Лејн во недела“.

Тиери Анри во Арсенал помина осум години и за овој клуб постигна 226 голови и стана најдобар стрелец на Топџиите во историјата.