Анри од понеделник и официјијално на клупата на Монако


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Монако  во новата сезона влезе катастрофално и после девет кола во Лига 1 се наоѓа на 18. место со шест освоени бодови, а цехот за лошите резултати го плати Леонардо Јардим со кој вчера беше прекината соработката.

Нов тренер на Монако ќе биде легендарниот Тиери Анти, на кого ова ќе му биде прв самостоен ангажман, а угледниот Л’Екип пишува дека официјалното претставување ќе биде во понеделник.

Не чуди тоа што до овој договор дојде  толку брзо со обзир на тоа дека и самиот Анри беше заинтересиран за водење на Монако, откако му пропаднаа ангажманите со Астон Вила и Бордо.

За Анри ова воедно е враќање и во клубот каде што ја започна играчката кариера.