Анчелоти му беше предводник во Реал, а сега го пикира за Наполи…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер веќе има искуство со офанзивниот играч за врска.

Хамес Родригез оваа сезона не е во првиот план на Нико Ковач, иако „Кафетерос“ кога и да довие шанса знае да ја искористи.

Засега настапуваше на само 11 натпревари, што на заслуга на повредите, што на Ковач, но сепак успеа да запише 3 погодоци и две асистенции.

Во Баварија се наоѓа на двегодишна позајмица од Реал Мадрид, Германците имаат опција да го откупат, но засега не покажуваат такви интереси.

Ова сака да го искористи токму некогашниот тренер на „Лос Бланкоси“, а сега на Наполи, Карло Анчелоти кој имаше шанса да соработува со Родригез 2014. година кога обајцата беа во Мадрид.

Откупната клаузула за Германците е 42 милиони евра, додека Италијанците се обидоа со малку послаба понуда.

Се ова зависи и од опцијата дали Баварците ќе го откупат па ќе го продаваат следното лето, а во тој случај неговата цена ќе биде значително поголема.