АО: Маратонски натпревар – Вавринка се намачи против Клижан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одиграа уште 2 натпревари на Грен Слем турнирот во АО.

Во најинтересниот натпревар, 4-от носител на турнирот, Станислав Вавринка успеа да го победи Клижан по маратонски натпревар со 3:2 во сетови.

Во првиот сет започна лошо Вавринка и тоа го искористи максимално Клижан, па победи во сетот со 4:6.

Но потоа следуваше пресврт на Вавринка со два освоени сетови со 6:4 и 7:6 за предност од 2:1 во сетови.

Клижан успеа да се врати во игра со 6:4 во 4-от сет, но на крајот му пресуди Вавринка со 6:4 во последниот 5-ти сет.

Во другиот натпревар Дарцис беше подобар од Грот со 3:1 во сетови.