Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Ѓоковиќ ќе се обиде да ги одбрани титулите во Париз и Лондон, но и да го зачува првото место на АТП листата.
Ѓоковиќ не игра на свое ниво веќе неколку турнири, а тоа веднаш се покажа на листата на најдобри тенисери, каде што Мареј дополнително ја намали разликата.
Сепак, Ѓоковиќ и понатаму е прв фаворит за освојување на 2-та Мастерси во оваа сезона.
Не само поради позицијата која ја има, туку и поради податокот дека на последните 34 натпревари на Мастерсот во Париз и завршниот турнир во Лондон тој има само еден пораз.
Ѓоковиќ од 2013 година успешно ја брани титулата во Париз додека во Лондон е уште поубедлив. Тој во Лондон владее уште од 2012 година.