Аргентинецот се враќа во Серија А


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хавиер Пасторе своевремено блескаше во Серија А носејќи го дресот на Палермо, па заврши во ПСЖ.

Уште е во ПСЖ но јасно е дека кај Емери нема да се наигра.

Оваа сезона во домашното првенство има одиграно 305 минути, добар дел од натпреварите ги пропушти поради повреда но познато е дека не се согласува со Емери баш најдобро.

Според едни италијански изоври Пасторе на лето ќе замине во Јувентус, а според други тој ќе замине во Милан, а и наводно веќе имал средба со првите луѓе на Милан во Милано.