Аргентинската легенда втор пат се врати од пензија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Аргентинец во 42-ра година од договорот потпиша договор со Естудијантес.

Официјално е! Хуан Себастијан Верон се врати од пензија и потпиша за Естудијантес.

Аргентинецот потпиша 18-месечен договор за џабе бидејќи платата ќе биде насочена кон фондот за равој на клубот.

Верон со тоа и официјално стана второ засилување за тимот на Нелсон Вивас. Неговото повратничко деби ќе биде на 8-ми јануари во Флорида купот против Баер Леверкузен.

Интересно е дека ова му е втор пат поради Естудијантес да се врати од пензија бидејќи истата работа ја направи и во 2013-та година.

Популарниот Брухито во март ќе наполни 42 години, а во текот на кариерата има играно за Естудијантес, Бока Јуниорс, Сампдорија, Парма, Лацио, Манчестер Јунајтед, Челси и Интер.