Арсенал близу до ново засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што тврди Sky Sports, многу близу до доаѓање во редовите на лондонскиот клуб е францскиот играч за врска Стивен Нзонзи од редовите на Севиља.

Фудбалерот им порачал на шпанскиот тим дека сака да си оди. Веројатно клубот ќе му го овозможи тоа, па чекаат адекватна финансиска надокнада.

Не треба да се сомневаме дека Топџиите ќе го завршат овој трансфер. Обострана е желбата за соработка, па Французинот веројатно ќе стане нов член на Арсенал по враќањето од Мундијалот во Русија.

Во текот на кариерата овој фудбалер играше во Стоук и Блекбурн во Англија, додека во Франција го носеше дресот на Амиенс.