Арсенал и Атлетико Мадрид во жестока битка за потписот на фудбалерот на Бенфика…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Голем број екипи се заинтерсирани за неговите услуги, но сега како фаворити се издвоија екипите од Лондон и Мадрид.

Алекс Грималдо веќе некое време е на радарот на бројните европски клубови, поради фантастичните партии во дресот на Бенфика.

Момчето кое се проби во Ла Масија никогаш не доби вистинска шанса во Каталонија, Бенфика го зеде под свои закрила, процвета во Луж и јасно е дека пред или подоцна тоа ќе му донесе пари.

Често беше поврзуван со Наполи, неколкупати се стекнуваше впечаток и дека навистина ќе премине на „Сан Паоло“.

Сепак, остана во Лисабон, но тоа може да се промени наскоро.

Го бараше и Сити, како и Интер, но сега мадридски Атлетико и Арсенал се издвоија како фаворити за неговиот потпис.

„Топчиите“ бараат замена за Монреал, искусниот Шпанец најверојатно ќе го напушти „Емирати“ следното лето, додека и Атлетико е во големи проблеми кога позицијата лев бек е во прашање. Лукас Ернандес е се поблиску до Баерн, додека е извесно дека „Ванда Метрополитано“ ќе го напушти искусниот Фелипе Луис.

Така обата тима ќе останат без вистински опции за левата страна во одбраната, Арсенал го има Колашинац, но јасно е дека Емери сака квалитетна опција, па се чини дека сонародникот од Бенфика би бил полн погодок.