Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот за врска на Арсенал Арон Ремзи верува дека Топџиите со вечерашното враќање со 3:0 на 3:3 против Бурнемут испрати порача до Челси дека не се предаваат.
Арсенал се до 70 минута од дуелот губеше со 3:0, но успееја да надокнадат заостанување и можеби дури и да слават.
„Се подготвувавме на борба до самиот крај. Тоа е порака до нашите ривали кои се надеваа дека ќе се откажеме. Ќе биде тешко, заостануваме неколку бодови зад водечките екипи но уште е долг патот пред нас и се надевам дека ќе има уште неколку неочекувани резултати“, рече Ремзи.
„Покажавме карактер и храброст после заостанувањето и успеавме да се вратиме во натпреварорт. Сепак, разочарани сме од начинот на кој го почнавме натпреварот и разочарани сме што освоивме само бод“.