Арсенал одблиску ја разгледува ситуацијата околу Мата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Англија пренесуваат дека од таборот на Арсенал ја разгледуваат ситуацијата околу играчот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата.

На шпанскиот фудбалер му завршува договорот по крајот на оваа сезона и има право да преговара со тимовите за негов евентуален трансфер во летниот преоден рок како слободен фудбалер.

Сепак, засега тоа не е случај со Мата кој изразил желба да остане на „Олд Трафорд“, па ќе видиме дали од клубот ќе му понудат нов договор или ќе ја искористат опцијата во сегашниот негов договор истиот да биде продолжен на дополнителна една сезона.

„Мирор“пренесува дека освен Арсенал, за искусниот шпански фудбалер има интерес и од редовите на Јувентус, ПСЖ и Барселона.