Арсенал повторно го промени спонзорот: Пума повеќе нема да биде на дресовите на Топџиите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал пред неколку години потврди дека ја заврши соработката со Најк, а лондконскиот клуб потпиша договор со Пума.

Овој потег тогаш изненади многумина, но Пума полека почна да се пробива кон самиот врв каде со години се наоѓаат Најк и Адидас.

Но после неколку сезони клубот од Лондон повторно се одлучи за промени бидејќи не е продолжен договорот за соработка со Пума.

Арсенал денес се огласи на друштвените мрежи и официјалната страна каде потврдија дека Пума следната сезона нема да биде дел од овој клуб.

Исто така Топџиите објавија дека потпишаа соработка со Адидас т.е. оваа компанија од 1ви јули 2019 година ќе биде задолжена за опремата на Арсенал.