Арсенал повторно ќе „пука“ кон Рим: Втора шанса за „Топчиите“ за фудбалерот на Рома?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколку пати го скаутираа досега, неколку пати ја контактираа Рома.

Арсенал и повеќе е од заинтересиран за Ченгиз Ундер.

Овој фудбалер на Рома игра сосема солидно оваа сезона, покажа веќе голем потенцијал и стана една од младите ѕвезди во италијанската Серија А.

Арсенал веќе се обиде да го донесе во јануари, но не успеа во таа намера бидејќи Ундер има договор со Рома и клубот од Рим не сака да се откаже среде сезона.

Во март Арсенал ќе ги испрати своите скаути да го следат Ундер, а до крајот на сезоната би можеле да очекуваме нови преговори помеѓу двете екипи за турскиот фудбалер кој пристигна од Басахшехир за 13,4 милиони евра.

Сега вреди минимум 30 милиони евра, во Арсенал ќе мораат добро да се потрудат.