Арсенал подготви понуда од 60 милиони: Стигнува играч од Торино!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Венгер сеуште го нема решено својот статус во Арсенал, но тоа не му пречи да бара засилувања за тимот.

Францускиот експерт како примарна мета го означи Пјаниќ од Јувентус, но уште еден фудбалер од Торино би можел да дојде во Лондон, а станува збор за Андреа Белоти, кој игра фантастична сезона.

Наводно, Арсенал е подготвен да плати дури 60 милиони евра за Белоти.

Во 16 одиграни натпревари тој постигна 13 голови и привлече големо внимание.

Тој неодамна го продолжи договорот со Торино, во кој има клаузула според која ако сака некој италијански тим да го донесе треба да плати 100 милиони, а некој од странство ќе треба да плати 60 милиони евра.