Арсенал се ослободува од Озил за да донесе ѕвезда на Реал Мадрид!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал има интересен план, кој ќе се обиде наскоро да го реализира, а во главни улоги се Месут Озил и Хамес Родригез.

Лондонскиот клуб сака да се ослободи од услугите на Германецот, зашто има преголема плата од 300.000 фунти неделно, а тоа ќе му помогне на тренерот Унај Емери да ангажира посакувано засилување.

„Топчиите“ ќе се обидат да ја искористат ситуацијата во Минхен, односно незадоволството на позајмениот фудбалер од Реал Мадрид, Родригез и да го ангажираат.

Арсенал во моментов е заинтересиран и за Денис Суарез, но него потешко ќе го добијат, па поради тоа се насочија кон Родригез.