Арсенал со понуда за Лаказет


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал испратил понуда за напаѓачот на Лион, Александре Лаказет.

Според претседателот на Лион, Жан Мишел Аулас, Арсенал и Атлетико Мадрид веќе стапиле во контакт со клубот и испратиле понуди.

„На Лаказет му беше кажано дек аможе да замине. Ние преговаравме со Атлетико, но работите не испаднаа како што треба.

Во моментов имаме многу убава понуда од Арсенал.“- изјави за „Гол“претседателот на Лион.

Арсенал подолго време се интересира за францускиот интернационалец и многу е веројатно дека тој ќе го облече дресот на „топчиите“.