Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот 66-годишен стручњак на крајот од минатата сезона го напушти Арсенал после 22 години, но тој и понатаму сака да работи и константно добива понуди.
Како што наведува The Times, Венгер со нова работа би можел да започне веќе наредниот месец, а на масата има четири понуди.
Она што е извесно е дека нема да се врати во Англија, тој поради Арсенал не сака да води друг тим, па ќе прифати понуда од други држави.
Исто така, ПСЖ му понудиле договор, меѓутоа францускиот првак го гледа на функцијата спортски директор, а Венгер не ја сака таа улога.
Според одредени информации, интерес за Венгер порано покажувале Баерн, Милан и Реал Мадрид, а како што наведува The Times, од четирите понуди кои ги разгледува, две се од европски великани.
Поедини репрезентации сакаат да го видат во своите редови, но клупскиот фудбал е единствено нешто што Венгер го сака, па останува да видиме во наредниот период каде ќе ја продолжи кариерата.