Арсен Венгер пред сензационално враќање во тренерските води


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Франција пишуваат дека Арсен Венгер е се поблиску до враќање во тренерските води.

„Франс Фудбал“ тврди дека Венгер, кој е без работа откако го напушти Арсенал по крајот на минатата година, е во напредни преговори со тимот на Милан, и наскоро ќе го замени Џенаро Гатузо на позицијата во овој клуб.

Милан се наоѓа на четвртата позиција на табелата во италијанскиот шампионат, но од раководството на клубот сакаат да го назначат Венгер за да добијат дополнителна стабилност.