Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Детали од книгата на Месут Озил за вистинските фудбалски сладокусци.
Едно е кога големи фудбалери ќе дадат добро интервју и ја отворат душата, а друго е кога ќе напишат книга.
Тогаш не виделина изглегуваат многу интересни детали за кои многу малку се знае или воопшто не се знае, а така е и со книгата која ја напиша Месут Озил.
Дејли Мејл објави исечок од книгата, а ние ви пренесуваме неколку најинтересни делови.
„Повикав број кој го сочував во телефонот во 2010 година. „Господин Венгер“, му реков, „ветив дека ќе бидам прва личност која ќе те контактира ако барам нов клуб. И еве, ви се јавувам вас“. Венгер рече цело време држеше око на мене и дека му се допаѓа како се развивав како играч. И одеднаш имав добро чувство околу се тоа. Почувстував дека тој човек, кој никогаш не ме запознал лично, има високо мислење за мене и дека ми верува. Точно е она што ми беше потребно. После тоа Жозе Мурињо ми испрати порака со следната содржина „Ништо не ми кажа. Мислев дека сакаш да ја завршиш кариерата во Реал“, напиша Озил и додаде дека никогаш не бил импресиниран од Барселона.
Кога стигна во Арсенал, Озил многу брзо сфати каде дојде. Немаше тука премногу додавања и ентузијазам како во Примера.
Премиер лигата е нешто сосема подруга. А еве како тоа изгледа кога сте долу на теренот.
„Во текот на мечот не сфаќате колку напади вашето тело може да претрпи. Полни сте со адреналин и не чувстувате болка. Но после, кога се шутирате, ги откривате мистериите. После неколку мечеви потколениците беа сини како да ги има удрено некој со чекан. Имав гребнатинки на вратот, рамената и градите од противичките лактови кои ми посакаа добредојде во Премеир лигата. Нормално, кога судиите не гледаат“.
Озил додаде и дека имаше голема понуда од Кина. Која ја одби за помалку од три минути.
„Кога добив понуда од Кина во минатото лето, не ми беше потребен ничиј совет. Понудата беше премногу апсурдна. Кинезите беа спремни да платат износ од бајките кој е над се што можам да замислам за договор од пет години. Ми требаше помалку од три минути да ја одбијам понуда“.
Му реков на агентот „Не сум ни блиску до крајот на кариерата“. Сакам да освојувам титула со Арсенал. Не сакам да играм во Кина без оглед на тоа колку сакааат да ме платат. Нема шанса“.