АС пренесува: Реал со помош на Нико Ковач во Мадрид ќе ја донесе замената за Модриќ?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид не се откажува од намерата да го донесе данскиот плејмејкер, Кристијан Ериксен од Тотенхем, кого го гледа како долгорочна замена за Лука Модриќ. Меѓутоа, сопственикот на Спарси, Дениел Леви е тврд преговарач кој потполно ќе го исцеди купецот пред да прифати трансфер.

Така во Реал одлучија да ја „засладат“ оштетата со уфрлање на еден од своите играчи во трансфер, пишува АС, а се работи за Хамес Родригез. Колумбиецот ја одработува втората и последна година од позајмицата во Баерн, но по пристигнувањето на Нико Ковач на клупата, падна во втор план и одигра само 12 натпревари во првиот дел оваа сезона.

Судбината на Хамес е потполно во рацете на Баерн бидејќи во договорот за позајмица стои опција според која Баварците имаат право на откуп и ако се одлучат да ја активираат таа клаузула, ништо не се прашува ниту Реал, ниту играчот. Меѓутоа, претседателот, Ули Хоенес уште есента најави дека Баерн нема да го задржи.

Тоа им овозможува на Мадриѓаните, кои Хамес го имаат под договор до летото 2021. година да го вклучат и трансферот на Ериксен, и така да ја намалат паричната оштета на Тотенхем.

И покрај малата минутажа кај Нико Ковач, Родригез и натаму добро котира меѓу европските великани, па за неговите услуги сериозно се заинтересирани Арсенал и Јувентус и во нешто помала мера Наполи.