Атлетико и Реал без муниција, продолжува слабата форма за Роналдо и Гризман


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ремизираа во дербито до 12. коло од Ла Лига и така и помогнаа на Барселона (победа од 3:0 против Легањес) да се одлепи на врвот на табелата.

На натпреварот имаше неколку зрели шанси и многу жестина, но за жал не падна ниту еден гол, што не се има случено 25 години во натпреварите на овие тимови.

Најдобрата шанса за Реал ја имаше Тони Крос кој излезе сам пред Јан Облак, но шутираше непрецизно покрај голот. На ист начин реагираше и Анхел Кореа на спротивната страна и не успеа да го совлада Кико Касиља.