Атлетико Мадрид го откри името на новиот стадион


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Атлетико Мадрид од следната сезона ќе игра на нов стадион кој ќе прима 70 илјади гледачи.

На свечената конференција за медиумите на Висенте Калдерон, претседателот на Атлетико, Енрике Черезо откри дека официјалното име на новиот стадион ќе биде Ванда Метрополитано.

Ванда е кинеска компанија која има 20% од уделот во Атлетико Мадрид, а по нејзино име го носи и тренинг кампот на јорганџиите.

Се очекува компанијата да плаќа годишно 10 милиони евра поради тоа што нивното име ќе биде официјално на новиот стадион.

Атлетико Мадрид на Висенте Калдерон играше 50 години, а првиот натпревар го одигра против Валенсија во 1966-та година.