Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд максимални по второто коло


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што стојат работите дилемите околу патниците во нокаут фазата во групата А се решени затоа што Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд запишаа нови победи и сега имаат по шест бодови.

Јорганџите со 2:1 го победија Клуб Бриж, со двата гола на Гризман, додека пак Милионерите неочекувнао лесно го растурија Монако со 3:0. Ларсен погоди во 51. минута за 1:0, 20 минути подоцна гол постигна Пако Алкасер, а конечниот резултат го постави Марко Ројс.

Дербито на „Сан Паоло“ помина со иницијатива и заслужена победа на Наполи. Домаќините го скршија отпорот на Англичаните во финишот на мечот кога мрежата на Алисон ја затресе Инсиње.

Голема победа запиша и Порто кој со 1:0 славеше против Галатасарај. Клучниот момент на средбата се случи во 49 минута кога Марега го совлада Нестор Муслера.