Атлетик Билбао се засили, пристигна играч од ПСЖ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот прволигаш Атлетик Билбао додатно ги засили своите редови пред наредната сезона во Ла Лига.

Имено, дресот на овој клуб во иднина ќе го носи 28 годишниот Јури Берчиче, кој последната сезона ја помина во ПСЖ, а договор помеѓу двете страни е потпишан на четири години.

Баскијците за договорот со Берчиче одвоија 15 милиони евра, а актуелнот француски шампион може да добие дополнители 5 милиони евра, доколку овој фудбалер исполни одредени бонуси.

Во изминатата сезона овој играч за ПСЖ одигра 32 натпревари, сметајќи ги сите натпревари, а притоа постигна два погодока и пет асистенции.

Покрај ПСЖ во досегашната кариера има настапувано за Реал Сосиедад, Еибар, Реал Ваљадолид, Челтенхем Таун и младинските селекции на Тотенхем.