Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хрватскиот тенисер и 12-ти тенисер во светот, Марин Чилиќ го освои АТП турнирот во Базел откако во финалето беше подобар од Кеи Нишикори со 2:0.
Чилиќ скоро без никакви проблеми успеа да го освои првиот сет бидејќи направи 2 брејка, а противникот немаше никаква шанса, па тој го освои првиот сет со 6:1.
Во вториот сет беше видена многу поголема борба. Ниту еден тенисер не успеа да направи брејк, па се играше сетот во тај-брејк.
Таму се водеше исто така голема борба, но Чилиќ сепак на крајот беше малку подобар, а тоа беше доволно за да го освои турнирот во Базел.