Ау, Мурињо ќе збесне: Норвешката премиерка го „изгоре“ искусниот тренер (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкиот тренер Оле Гунар Солскјер денеска официјално беше поставен за привремен стратег на Манчестер јунајтед.

Солскјаер ја почна кариерата токму во Јунајтед, па така се запиша во нивната историја. Откако Жозе Мурињо вчера доби отказ, се шпекулираше кој ќе го замени, а сигурно сите се изненадени со оваа одлука.

Норвежанецот го напушти Молде во неверојатен договор, каде што му е позајмен на Јунајтед до крајот на сезоната. Но, „црвените ѓаволи“ случајно уште вчера го објавија тренерот.

Гаф на Твитер направи и премиерката на Норвешка, Ерна Солберг, која му честиташе на Солскјер. Но, ја избриша објавата затоа што тоа го направи пред Јунајтед. Меѓутоа, откако Јунајтед го потврди доаѓањето на Солскјер, таа на генијален начин се огласи на социјалните мрежи.

„Го избришав првиот твит во страв, зашто разбрав дека со заминувањето на Солскјер во Јунајтед може да се отвори вратата на Мурињо во мојот тим Бран“, напиша Солберг.