Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Баерн Минхен планираат од следното лето, по Светското првенство кое ќе се одржи во Русија, за тренер да го именуваат актуелниот селектор на репрезентацијата на Германија, Јоаким Лев.
Ваквите најави ги потврди најдобриот германски весник „Билд“ кој објави дека Јуп Хејнкес одбил да ја продолжи соработката со Баерн и за следната сезона, па затоа „баварците“ го насочиле вниманието кон Лев.
Освен Јоаким Лев, досега како кандидати за клупата на Баерн Минхен се споменуваат и младиот и амбициозен тренер на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман како и поранешниот предводник на Борусија Дортмунд и Мајнц, Томас Тухел.