Баерн го отпиша Видал, па неговиот агент замина на преговори во Англија!


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Артуро Видал не замина со Баерн Минхен на турнејата, со објаснување дека не е подготвен и дека останал во Минхен на рехабилитација, но Чилеанецот го демантираше тоа на Инстаграм.

Очигледно, новиот тренер на Баварците, Нико Ковач, не смета на услугите на Видал, па Чилеанецот ќе мора да замине од екипата.

Видал, наводно, има две понуди, една од Интер, каде што би требало да добие помала плата, а втората е од Манчестер јунајтед, каде што го чека Алексис Санчез.

Наводно, неговиот агент заминал на преговори во Англија, па најверојатно наскоро Видал ќе потпише за Јунајтед, иако не е познато зошто му е потребен ваков играч на Жозе Мурињо, кој веќе има одличен среден ред.

Инаку, Баерн Минхен бара околу 30 милиони евра за Видал, но многумина сметаат дека тоа е преголема сума за играчот, кој има договор до нардното лето.