Баерн добива голема конкуренција: Јувентус во трка за талентиран фудбалер на Челси!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус ќе му биде голема конкуренција на Баерн Минхен за потписот на младиот фудбалер на Челси, Калум Хадсон-Одои.

Станува збор за млад фудбалер на Челси, кој немаше голема минутажа сезонава, но и покрај тоа многу гиганти покажаа интерес за него.

Крилниот фудбалер, наводно, покажал желба да се пресели во германскиот клуб, но сепак последниот збор ќе го каже управата.

Не е познато колку пари сака да понуди Јувентус, но Челси беше јасен дека нема да прифати понуда помала од 45 милиони фунти.