Баерн Минхен го објави името на новиот тренер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нико Ковач ќе биде новиот предводник на Баерн Минхен започнувајќи од сезоната 2018/19. Ова го објави германскиот шампион преку својот официјален веб сајт.

Нико Ковач со Баварците ќе потпише договор кој ќе биде во траење од три години, заклчуно од 1 јули 2018, па се до 30 јуни 2021 година.

Интересно е што и неговиот брат Роберт Ковач ќе му се придружи во тренерскиот тим како прв помошник.

„Презадоволни сме што го обезбедивме потписот на Нико Ковач. Нико играше за Берн, тој ги знае луѓето кои се овде во клубот и го има клубот во својата ДНК. Убедени сме дека тој е вистинскиот избор за тренер на Баерн“- коментираше спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ.

Актуелниот тренер Јуп Хејнкес пак не криеше пофални зборови за Хрватот:  „Ја прочитав неговата биографија и таа е доста позитивна. Тој работел со голем број различни типови на играчи, а во Франкфурт врши одлична работа. Тој без сомнеж е вистински избор за тренер на Барн Минехн“.