Баерн Минхен го поддржува својот тренер!

Карло Анчелоти направи еден неспортски гест откако им покажа среден прст на навивачите на Херта кои плукаа по него.

„Тоа беше човечка реакција од Анчелоти, а неговиот гест емотивно разбирлив, после плукањето“ – изјавија од Баерн

Баерн одигра 1:1 со Херта а до бод стигнаа со голот на Левандовски.

Фудбалскиот сојуз на Германија истрагата ја заврши, а Анчелоти исплати 5 илјади евра.