Баерн Минхен продава четири фудбалери за речиси 200 милиони евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нико Ковач го подготвува тимот на Баерн Минхен за наредната сезона, во која германскиот шампион ќе тргне во битка за сите трофеи.

Меѓутоа, пред да почне сезоната, тие мора да продадат неколку играчи, а меѓу нив се Артуро Видал, Жером Боатенг, Тијаго Алкантара и Хуан Бернат, додека иднината на Хамес Родригез уште не е позната.

Враќањето на Видал во Серија А се споменува веќе со месеци, па најверојатно ќе замине од Минхен за 35 милиони евра.

Боатенг не е во добра форма и нема да добие простор да игра кај Ковач во новата сезона, па за искусниот играч се распрашуваше Јувентус, но Баварците бараат неверојатни 80 милиони евра.

Тијаго Алкантара најверојатно ќе се врати во Барселона, каде што играше претходно, но за неговите услуги германската екипа бара 80 милиони евра.

За крај, можеби и прв кандидат за заминување од Минхен е Бернат, кој не сака да седи на клупата, но не е познат за колку пари би заминал.