Баерн ја продолжува својата политика „ги купува најдобрите во Германија“?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баварците ја продолжуваат својата успешна политика.

Фудбалскиот клуб Баерн ќе го реализира трансферот на Леон Горецка од Шалке.

Како што потврди Скај во Германија, Баварците го договорија трансферот на одличниот играч за врска од Гелзенкирхен.

Горецка е роден во 1995 година, потекна во Шалке, а член е на првиот тим од 2013 година.

Во оваа сезона постигна осум погодоци на 34 натпреевари во сите натпреварувања.

Со овој трансфер Баерн ќе ја продолжи својата политика со купување на најдобри играчи од најголемите германски клубови и така ќе ја продолжи доминацијата во Бундеслигата.