Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колумбискиот напаѓач Карлос Бака од лето веројатно нема да биде во Милан, а се поставува прашањето каде може да ја продолжи кариерата.
Бака беше на пазарот и во минатото лето и за малку Милан за 30 милиони евра ќе го продадеше во Вест Хем.
Тогаш Бака не ги договори личните услови со Чеканите, но сега е извесно дека заминува од Сан Сиро.
Против Емполи почна од клупата, шанса од првата минута доби Џанлука Лападула и на тој начин на Колумбиецот е испратена јасна порака – не им треба повеќе.
Како што јавува Тутомеркато, Арсенал е заинтересиран за Бака, кој го сакаше и во јануари, а покрај Топџиите интерес покажува и Валенсија.
Триесет годишниот напаѓач постигна 14 голови во 30 настапи во оваа сезона за Милан, но тренерот Винченцо Монтела од некоја причина не го сака премногу.