Балотели конечно ќе се спаси: Напаѓачот добил две понуди – се враќа ли во Италија!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер Марио Балотели ќе ја напушти Ница до крајот на зимскиот проден рок, откако е во лоши односи со тренерот Патрик  Виера иклубот е решен да го продаде.

Олимпик Марсеј сакаше летоска да го ангажира, но не успеаа во својата намера, па ќе пробаат повторно да го добијат неговиот потпис.

Сепак, ќе имаат конкуренција од италијански Сасуоло, кој е подготвен да му понуди соработка, а единствен проблем би можел да биде платата на Балотели.

Останува да видиме како ќе се развива ситуацијата, но јасно е дека Балотели го заврши својот ангажман во Ница.