„Балотели не успеа поради љубомората на Џерард“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ливерпул Ел – Хаџи Диуф изајви дека некогашниот капитен на Редсите Стивен Џерард е виновен што Марио Балотели не заблеска на Енфилд.

Италијанскиот напаѓач пред две години премина во Ливерпул од Милан за 16 милиони фунти, но се врати во редовите на Росонерите само година дена подоцна.

Во текот на една сезона во англискиот клуб, Балотели постигна само четири гола на 28 мечеви.

„Освен навивачите, кои беа одлични, и неколку играчи со кои одлично се сложував, не ми се допаѓаше Ливерпул“, рече Балотели во минатиот викенд.

26-годишниот Балотели беше двоен стрелец на своето деби за Ница во триумфот над Олимпик Марсеј со 3:1, поради тоа што во минатата сезона постигна само еден гол за Милан на 20 натпревари.

„Му реков на Балотели да не оди во Ливерпул. Џерард е љубоморен човек на  кого не му се допаѓаат љуѓето кои имаат карактер. Марио е добра личност која треба да ја слушате. Не е некој кој ќе направи проблем во соблекувалната. Многу од тоа е измислено за него. Љуѓето зборуваат сешто, но често се само големи глупости“, нагласи Диуф.