Балотели пресече: Еве го името на неговиот нов клуб…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мино Раиола најде вистински начин за спогодба, а трансферот е потврден…

Преговорите се завршени, договор е постигнат, Мино Раиола успеа да ги договори условите кои се одлични.

Марио Балотели останува во Франција, од Ница се сели во редовите на најголемиот ривал Марсеј.

Имено, тој не може да најде заеднички јазик со Патрик Виера, па пролетта ќе ја мине во Марсеј, иако летово му истекува договорот.

Ница сака да се ослободи од неговите примања, прифати да го пушти, па на Супер Марио ќе му инкасираат 2 милиони евра во следните шест месеци на „Велодром“.

Се зборуваше за враќање во Серија А, евентуално заминување во Џенова, ако го продадат Пјонтек, потоа Сасуоло или Парма, но Марсеј беше вистинска опција.

Славниот клуб е деветти на табелата, но заостануваат од третопласираниот Лион 5 бодови, сакаат да стигнат до квалификации за Лигата на шампионите, и сигурно Балотели ќе им биде засилување.

Играјќи за Ница, Италијанецот за две и пол години во 61 дуел постигна 33 погодоци.