Балотели тивка надеж за клубовите од Апенините: Пристигна нова понуда, ќе успее ли Раиола да го убеди да се врати дома?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Малку е потребно за Марио Балотели да се најде во центарот на вниманието.

Таквата репутација ја градеше со години, но неговите фудбалски квалитети не се спорни. Напротив.

Италијанецот беше на прагот на заминување од Ница, меѓутоа пристигнувањето на Патрик Вијера го убеди да остане на Азурниот брег.

Сега Французинот има проблеми да го контролира неговиот карактер, а тоа би можело да го искористи Фиорентина која го сака во своите редови.

Спортскиот директор на „лилаковите“, Пантело Корвино е во добри односи со Мино Раиола кој би можел да го убеди својот клиент дека Фиренца е вистинска дестинација за 28-годишниот напаѓач.

Никола Миленковиќ и Душан Влаховиќ така би можеле да добијат нов соиграч кој одлично се сложува со Александар Коларов додека играше во Сити.