Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоганскиот напаѓач Емануел Адебајор сеуште не се предаде кога е во прашање фудбалската кариера иако сите одамна го отпишаа.
Тој моментално се наоѓа во Габон каде што со репрезентацијата на Того настапува на Африканскиот куп на нациите.
Тоганците веќе одиграа еден натпревар и тоа против БСК, а на крајот беше 0:0.
Адебајор го предводеше нападот на својата репрезентација на тој натпревар.
Некогашниот напаѓач на Арсенал и Тотенхем порача дека моментално ужива во животот и дека има намера да докаже дека сеуште е добар фудбалер.
„Животот на релација Африка – Европа многу ми помогна во последните шест месеци. Можете да видите дека моментално се смеам и уживам во животот. Мислам дека луѓето гледаат дека сум спремен и дека сеуште сум фудбалер“, рече Адебајор.
Тој во последно време често се споменува во контекст со враќање во Премиер лигата, а самиот фудбалер рече дека досега веќе имаше понуда за враќање, но дека нема ниту една да разлика пред да заврши Африканскиот куп на нациите.
„Ја сакам Англија, ја сакам Премиер лигата и пробувам да најдам начин да се вратам таму. Сакам повторно да го достигнам највисокото можно ниво на форма, тоа е сигурно.
Во спротивно, само сакам да играм фудбал и да заборавам се. Значи, ако добијам понуда. Ќе се вратам. Во Англија имав лоша репутација, не знам зошто.
Можеби е тоа нешто што буквално ме следи. Но една работа секогаш морам да ја кажам, а тоа е дека 90 % од моите соиграчи и луѓе кои ме познаваат велат дека сум одлично момче и одличен соиграч“, порача Адебајор.
Да потсетиме дека последна дестинација за Тоганецот беше екипата на Кристал Палас со кој ја прекина соработката на крајот на минатата сезона.