Барди: Среќен сум бидејќи постигнав гол, но важна е победата! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, е повторно во центар на внимание во Ла Лига, откако постигна маестрален погодок од слободен удар.

Со неговиот прекрасен погодок погоди за 0-1 и му донесе триумф на Леванте против екипата на Гетафе.

„Среќен сум бидејќи постигнав гол, но најважно е што ги освоивме трите бода“, кажа Барди за шпанските медиуми.

Барди конечно го скрши малерот во Ла Лига и го заработи заслужуваниот погодок.