Барса го добива и третото непланирано „засилување“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчи на Барса  повторно на Ноу Камп.

После што во ова лето на Ноу Камп ќе се вратат Жерар Делуфеу и Томас Вермален, се очекува и враќање на Мунир Ел Хадади.

Мунир во минатото лето од Барселона отиде на позајмица во Валенсија со можност за „Слепите Лилјаци“ да го откупат за 12 милиони евра.

Меѓутоа, според пишувањата на „СуперДепорте“ весник близок на Валенсија, тој клуб нема намера да го откупи младиот напаѓач.

Имено, во неколку наврати челните луѓе на Валенсија се жалеа на превисоката цена за откуп, а како што наведува овој весник, Валенсија повеќе не е спремна да издвои ниту осум, а камоли десет или дванаесет милиони евра за младиот напаѓач.

Доколку се верува на наводите на овој весник, челните луѓе на Басрселона во ова лето ќе имаат премногу работа со оглед дека со новите засилувања и нов тренер, ќе мораат да размислуваат и за повратниците во клубот.