Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалскиот клуб од Каталонија го раскина договорот со играчот за врска после четири години соработка.
Алекс Сонг од денеска и официјално не е фудбалер на Барселона.
Оваа информација ја објави и каталонскиоот клуб по пат на својот официјален сајт.
Со Камерунецот е раскинат договорот, а кариерата ќе ја продолжи во Рубин од Казан.
Во август 2012 година Сонг ги раскина редовите на Арсенал, за кој со успех играше од 2007 година, и се приклучи на тимот од Ноу Камп во трансфер вреден 19 милиони евра.
Во редовите на Блауграната не се наигра, настапи само 65 пати за првиот тим, а постигна еден погодок против Реал Сарагоса.
Претходните две сезони ги помина на позајмици во Вест Хем, но очигледно ни Чеканите не беа премногу заинтересирани за неговите услуги, и 28-годишниот Камерунец кариерата ќе ја продолжи во Русија.