Барса за „ситница“ доведува замена за Бускетс од ПЛ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во прашање е човек кој своите први фудбалски чекори ги направи токму во академијата на славниот клуб.

Извесно е дека на Барса ќе недостасува човек кој може да ја засили конкуренцијата на позиција последен играч за врска. Бускетс е незаменлив, но во случај на негова суспензија или повреда „Блауграната“ нема алтернативна замена.

Поради тоа се решени на тоа место да се засилат во ова лето, а изборот изгледа падна на човек за кој стратегот на Саутемптон Клод Пуел изјави дека истиот играч е како и Нголо Канте, кој да речеме во оваа година ја доби наградата за најдобар играч во Премиер лигата.

Во прашање е нормално фудбалер на Сотон Ориел Ромеу.

Шпанецот е продукт на академијата на Барселона, но никогаш не доби вистинска шанса во првиот тим.

Го доведе Челси, но ни на Бриџ не се наигра, беше на позајмица во Валенсија и Штутгарт, и во 2015 година се пресели на Сент Мери.

Стана со време стандарден во првиот состав, поготово во оваа сезона откако клубот го напушти Виктор Ванјама, имаше неколку забележителни партии, а тоа не остана незабележано ни во Барселона.

Се верува дека управата на Светците би го пуштиле да замине за окоу 15 милиони евра, што е секако сума која каталонците лесно може да си ја дозволат.