Барса се приклучи во трката за најбараниот играч од средниот ред


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако не успеаја да го донесат Антоан Гризман, а се се подалеку од ангажман и на Миралем Пјаниќ од редовите на Барселона ќе се насочат кон фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Српскиот играч од средниот ред е меѓу најбараните фудбалери ова лето, а Лацио за него ќе бара најмалку 120 милиони евра.

Од таборот на Каталонците планираат да ја намалат оваа сума со тоа што ќе го вклучат и Рафиња како дел од договорот за Србинот кој би стигнал на „Камп Ноу“ како замена за Андрес Иниеста кој се пресели во Висел Кобе.