Барса следи неколку тренери, а меѓу нив е и човекот кој ја воодушеви Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ернесто Валверде пристигна во Барселона во летото 2017. година на местото на Луис Енрике, но со клубот потпиша соработка на само две сезони.

Тој во првата сезона успеа да ја освои дуплата круна, но црна дамка остави на ова елиминацијата од Рома во ЛШ во четвртфиналето. Барса и оваа сезона игра добро, но од резултатите ќе зависи и судбината на тренерот.

Од Барса не сакаат да преговараат за нов договор се додека не видат какви резултати ќе оствари Валверде, а останување на клупата му се гарантира со освојување на ЛШ. Во медиумите вќе се започна со шпекулирање дека Барса веќе има листа на потенцијални тренери доколку Валверде замине.

Италијанскиот Corriere dello Sport објави дека Барселона го прати младиот италијански тренер Роберто де Зерби кој го води Сасуоло Овој 39 годишен стручњак ја воодушеви јавноста во Италија со своето размислување и новите идеи кои ги применува во својот тим.

Наводно Барса следи неколку тренери, а помеѓу нив е и Де Зерби и многу лесно може да се случи тој да ја добие шансата на кариерата, да ја превземе Барса.