Барса стравува пред Атлетико, на тројца им се заканува суспензија


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Луис Енрике не е загрижен, иако на  дури тројца стандардни првотимци им се заканува суспензија за евентуалното финале.

Барселона е блиску до пласман во финалето на Купот на Кралот поради тоа што во гости го совлада Атлетико Мадрид со резултат 2:1.

Реваншот на Ноу Камп е на програмата во вторник од 21:00 часот, а Луис Енрике на вчерашната конференција зборуваше за евентуалните суспензии за финалето.

Имено, Лионел Меси, Жорди Алба и Самуел Умтити имаат по два жолти картони и во случај да добијат нови, а да се пласираат понатака, ќе го пропуштат финалниот меч со Селта или Алавес.

„Не сум загрижен, имам доверба во своите играчи. Тие многу ги знаат своите ситуации. Не мислам дека тоа ќе влијае на нивната игра против Атлетико, најважно е тимот да победи и да се пласираме во финалето“, рече Енрике.

Не е исклучено за еден од овие тројца, Самуел Умтини да остане на клупа, а стопер со Пике да заигра Хавиер Маскерано.

Во секој случај, триото на Барса мора да се пази од евентуална суспензија, но прво треба да ги победат Мадриѓаните.