Барселона во битка со Јувентус и Тотнем за талентиран фудбалер на ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Летово фудбалерот на ПСЖ, Адријен Рабио ќе биде интересна мета за европските гиганти. А, по Јувентус и Тотнем кои покажаа интерес за него, се приклучи и Барселона.

Бидејќи Паулињо ќе го напушти клубот и ќе се врати во Кина, потребно е засилување во средината на теренот.

Токму поради тоа, европските гиганти ќе се обидат да го добијат талентираниот Рабио, зашто би можеле да го купат за „само“ – 45 милиони евра.

Еден од најперспективните играчи во Европа има само 23 години, игра стандардно, но не е задоволен во Париз затоа што смета дека треба да има повеќе доверба.