Барселона во (не)возможна мисија – сака дефанзивец од Серија А!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона ја прекина лошата серија без победа, откако триумфираше против Тотнем (4-2) во Лигата на шампиони.

Тренерот Ернество Валверде сака измени во екипата, па ја соопшти неговата желба до управата на клубот.

Барселона е заинтересирана за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, кој игра неверојатно во претходните неколку сезони.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона е подготвена да понуди 65 милиони евра за неговиот потпис.

Но, тешко дека така ќе успеат да го убедат претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, да го пушти дефанзивецот, кој во договорот има откупна клаузула од 200 милиони евра.