Барселона договори ново засилување од 35 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шампионот на Шпанија, Барселона, договори трансфер вреден 35 милиони евра, а нов играч на каталонскиот гигант ќе стане францускиот фудбалер Клемент Ленгле, кој доаѓа од Севилја.

Трансферот помеѓу Барселона и Севилја е договорен. Каталонците за услугите на 23-годишниот стопер ќе платат 35 милиони евра.

Официјална објава на трансферот треба да се случи во наредните денови, а така новиот играч на Барселона ќе треба да се бори за место во екипата со Самуел Умтити и Жерар Пике.