Барселона е на потег: Меси си „нарача“ засилување од Ливерпул!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Лионел Меси решил кој треба да биде ново засилување на Барселона.

Со години се шпекулира дека Аргентинецот често им предложувал на тренерите кои фудбалери треба да ги купи тимот, а управата секогаш сакала да го слушне неговото мислење.

„Дон Балон“ пишува дека Меси дал зелено светло за ангажираше на фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане.

Меѓутоа, проблемот во тоа е што постои клаузула во трансферот на Филипе Кутињо, која им забранува на Каталонците да купуваат фудбалери од „Енфилд“ до 2020 година.

Бразилецот ги разочара навивачите и раководството на тимот, па најверојатно Каталонците ќе почекаат до летото 2020 година за да го ангажираат Мане.